Светата Пасха, празникот на Воскресението на нашиот Господ Исус Христос, се празнуваше во недела на 22 април / 5 мај 2024 година, ноќта, во храмот на Воскресението, во Ерусалим.
На почетокот, во храмот се пееше Воскресниот Канон. Потоа започна трикратното кружење околу Светиот Гроб, по што се читаше Второто утрено Евангелие од евангелистот Марко. „Христос воскресе“ беше отпеано од Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, и византискиот хор, десет пати.
Богослужбата продолжи со пеење на Воскресниот канон на Свети Јован Дамаскин со ектенија по секоја песна. По славословието, започна Божествената Литургија на Свети Јован Златоуст, а верниците пееја „Христос воскресе“ на повеќе јазици: грчки, арапски, руски, романски, полски и други.
На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, во сослужение со Нивните Високопреосвештенства: Митрополитот Капитолиски Исихиј, Архиепископите: Теофан Герашки, Аристарх на Константина, Теодосиј Севастиски и Филумен на Пела, заедно со Архимандритот Нектариј, старешина на храмот на Светиот Гроб, Архимандритот Васијан од Московската патријаршија, Архимандритот Јован од Романската патријаршија, свештеници од другите цркви, Архиѓаконот Марко и Јероѓаконите Евлогиј и Доситеј.
Пред крајот на Литургијата, секретарот на Светиот Синод, Јероѓаконот Симеон, ја прочита Пасхалната порака за 2024 година на Неговото Блаженство, а потоа и огласителното слово на Свети Јован Златоуст.
По завршувањето на Литургијата, Патријархот со својата придружба се врати во седиштето на Патријаршијата.
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-εορτη-του-πασχα-εισ-το-πατριαρχειον-3/